Ал Итихад одигра 1:1, Бензема стрелец на двата гола (видео)

182

Ал Итихад одигра 1:1 на гостувањето кај Ал Тавон, а стрелец на двата гола беше Карим Бензема. Французинот му донесе предност на Ал Итихад во 22.минута, но само четири минути подоцна си ја затресе својата мрежа.

Тоа е првиот автогол на Бензема во богатата кариера.

Ал Итихад беше подобар противник, имаше повеќе шанси, Бензема имаше прекрасна во второто полувреме кога од неколку метри шутираше силно но голманот одбрани. Ал Итихад е на третото место со 20 бода од 10 кола, три помалку од лидерот Ал Хилал кој има меч помалку.

ПретходноАлваро Рекоба стана тренер на еден од најтрофејните уругвајски клубови
СледноХаланд не може без еден ритуал, имал посебно барање при изборот на куќа во Манчестер