Алкалоид не го менува стилот, нова убедлива партија за „осум од осум“

235

Македонскиот вицепрвак Алкалоид брзо се рехабилитираше по поразот во својот дебитански настап во Европската лига. Избраниците на Кирил Лазаров ја оправдаа фаворитската улога против Скопје, на домашен терен славеа со 38:25 за осма победа во исто толку одиграни мечеви. Со овој триумф, Алкалоид се зацврсти на првото место на табелата во групата А.

Мала неизвеност, ако може да се каже така имаше на стартот на мечот. Алкалоид имаше водство од два до три гола, која подоцна изнесуваше пет гола (13-8), кое на полувремето беше двоцифрено 21-10.

По еден ваков расплет на настаните, избраниците на Лазаров само рутински ја одработија домашната задача за нови бодови. Разликата од минута во минута растеше, а на крајот дојде и до плус 13.

Саврески со седум гола беше најефикасен во победничкиот тим, додека кај гостите Шокоски постигна девет гола.

ПретходноХаланд не може без еден ритуал, имал посебно барање при изборот на куќа во Манчестер
СледноЧави: Нападите врз Барса имаат за цел да го дестабилизираат клубот