Денеска со почеток од 17:30 часот во рамките на 9.коло на Премиер лигата силите ќе ги одмерат лондонскиот ривали Челзи и Арсенал. „Тоопчиите“ ја бараат четвртата едноподруго победа над градскиот ривал, а доколку успеат тоа ќе им биде првпат да направат такво нешто во 173-те меѓусебни натпревари во најсилната англиска лига.
Арсенал го совладуваше Челзи на претходните три меча и тоа кога „сините“ на клупата ги имаа Френк Лампард, Грем Потер и Томас Тухел. Ќе видиме како ќе помине Маурицио Покетино вечерва. Тука вреди да се спомене дека Покетино никогаш не изгубил меч од Арсенал, има три победи и три ремија.
Севкупно Арсенал нема пораз на 15 премиерлигашки натпревари против лондонски екипи (11 победи и четири нерешени) што е трета најдолга серија на било кој тим во историјата на најсилната англиска лига.
Моментално Арсенал е втор на табелата со 20 бодови исто колку и лидерот Тотенхем. Челзи е на 11. позиција со 11 бодови.
Што се однесува до здравствениот билтен, Челзи ќе ги нема на располагање Броха, Чалоба, Чуквуемека, Чилвел, Нкунку, Фофана и Лавиа. Кај Арсенал повредени се Букајо Сака, Леандро Тросар, Јуриен Тимбер и Вилијам Салиба.
За крај да кажеме дека Арсенал со победа на „Стемфорд Бриџ“ може да заокружи четири гостински триумфи без примен гол (досега се победени Кристал Палас, Евертон и Борнмут). Значи со победа и без примен гол Арсенал ќе стане единствениот во историјата на Премиер лигата со триумфи на првите четири гостински натпревари.