ТФТ убаво се намачи со Академија ФМП, но најважно победи

81

ТФТ дојде до третата победа оваа сезона во Првата лига, откако на домашен терен, малку потешко од очекувањата го совлада тимот на Академија ФМП. Со пресврт во второто полувреме, избраниците на Боро Смилковски на крајот беа подобри со 73-64.

Хотон со 19 поени беше лидер, зад него беше Зафиров со 14 поени. На другата страна Џордан Огундиран постигна 21 поен.

Гостинскиот состав го изненади тимот од Тафталиџе во првото полувреме. Пред крајот на првата четвртина водеше со 16-27, а имаше и позитива од 13 поени (25-38). Сепак по 36-40 на одморот, пресуди искуството.

Кошаркарите на ТФТ третата четвртина ја добија со 17-9 и во решавачките десет минути влегоа со водство од 53-49. Во продолжение набрзина дојде на плус 11 (63-52) и до крај не му дозволија на состанот на Академија ФМП да дојде до нов пресврт.

ПретходноБрегалница со “Fun Day“ за најмалите фанови: Дружење со своите миленици, насмевки и полни детски срца!(ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНесторовски повторно “тресе“ за Асколи! (ВИДЕО)