Леверкузен гази ли гази, Лајпциг убедлив кај Дармштад

81

И дефинитивно Баер Леверкузен и тоа како е сериозен кандидат за титулата во Бундеслигата оваа сезона. Момците на Чаби Алонсо денеска во меч од 8.коло победија кај Волфсбург со 1:2, па така ова е седмата победа и имаат и едно реми сега имаат 22 бода од 24 можни.

Победата ја донесоа Фрипонг и Грималди, за домашните стрелаше Лакроа.

Лајпциг со 1:3 победи кај Дармштад, и тоа со головите на Опенда два и Форсберг.

Фрајбург со 2:1 го победи Бохум, а Антрахт Франкфурт како гостин го победи Хофенхајм со 1:3, иако губеше со 1:0.

Најубедливата победа ја извојува Штутгарт на гости кај Унион Берлин со 0:3.

ПретходноПочина иконата на Манчестер Јунајтед, Сер Боби Чарлтон! (ВИДЕО)
СледноСити се изнамачи со Брајтон, Њукасл си поигруваше со Кристал Палас! (ВИДЕО)