Попладнево се одиграа пет меча од 9.коло во Премиерлигата. Манчестер Сити го победи Брајтон со 2:1, но просто се изнамачи, посебно во последната фаза гостите одиграа добро на „Етихад“, но сепак се поразени. Головите за Сити беа дело на Алварез и Халанд, и тоа беше 2:0 во 19.минута. Брајтон намали со голот на Фати во 73.минута, но тоа беше тоа.
Њукасл едноствно си поигруваше со Кристал Палас и успеа да победи со 4:0. Стрелци беа Марфи, Гордон, Лонгстаф и Вилсон.
Брентфорт го победи Барнли со убедливи 3:0, а стрелци беа Виса, Мебуомо и Годос.
Што ли направи Нотингем Форест? „Шумарите“ до 83.минута имаа 2:0 против Лутон, но на крај едвај освоија бод, мечот заврши со 2:2.
Борнмут со 1:2 дома загуби од Вулфси. Чуња и Калајџиќ беа стрелци за победата.