Мајсторот останува мајстор: Спектакуларен гол на Роналдо од слободен удар! (ВИДЕО)

1810

Се играше 57.минута, слободен удар беше досуден за Ал Наср на околу 26-27 метри од голот на Дамак, Резултатот е 1:1, и се разбира дека Кристијано Роналдо е крај топката. Зема залет, шутира и постигнува спектакуларен гол за 2:1. Голманот на гостите едноставно не се ни помрдна.

Се разбира дека ова е еден од најубавите, ако не и најубав гол на Роналдо откако игра за Ал Наср во С. Арабија.

Со овој гол Ал Наср на крајот победи со 2:1.

ПретходноМбапе и другарите без проблем го “решија“ Стразбур!
СледноБутел преку Прилеп до нова победа!