Сити ќе му дозволи на скапото засилување да си оди

428

 

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Калвин Филипс ќе го напушти клубот уште во јануари поради тоа што е несреќен од својата позиција под раководство на Пеп Гвардиола, пренесува „Дејли стар“. Филипс сака поголема минутажа затоа што само така ќе го задржи местото и во англискиот национален тим.

Филипс оваа сезона одигра пет натпревари без ефект.

Тој дојде од Лидс за 50 милиони евра во јули 2022 година.

Неколку германски екипи, меѓу кои и Баерн е заинтересиран за него. Во јануари сигурно конкуренцијата ќе биде поголема.

ПретходноЛапорта ќе се кандидира за нов мандат на претседателското место во Барселона
СледноВерстапен во САД ја впиша 50. победа во кариерата, Хамилтон и Леклер дисквалификувани