Хајдук доживеа пораз на домашен терен од Осијек со 0:2 во рамките на најсилната хрватска фудбалска лига. Јован Манев беше дел од тимот на Осијек кој славеше со головите на Брлек и автоголот на Лучиќ. Осијек можеше да слави и поубедливо затоа што ја погодија и стативата.
Александар Трајковски играше во нападот на Хајдук до 66 минута при резултат 0:1. Осијек е на петтото место на табелата, а Хајдук кој врза два порази падна на второто.