ФОТО НА КОЛОТО: Капитенот на Вардар “летна“ од радост па се повреди!

990

Ретко кој очекуваше дека Вардар, во соседското дерби бр.74 ќе успее да го победи големиот фаворит, тимот на Работнички. Но, ете, Вардар победи и тоа апсолутно заслужено и тоа со гол од пенал, оправдано досуден, и успеа да ги израдува своите фанови. Дарко Мицевски, капитенот на Вардар во таа 77.минута од дербито успеа да го реализира пеналот, а потоа “летна“ од радост кон своите фанови, и се повреди па потоа мораше да излезе.

Се чини дека не чини и премногу да се радуваш, ама кога Вардар е во прашање тогаш таа радост мора да биде голема.

ПретходноНенад Димитријевиќ во идеалниот тим во ВТБ-лигата
СледноИлиев со победа и 11 поени на дебито за Анагенизи