Карачиќ: Знам каква е атмосферата во Битола, имам победи со Вардар!

309

Пелистер е пред нов предизвик во Лигата на шампиони. Вечерва (20:45 часот) во Битола после 25 години гостува Кјелце. Полскиот тим е фаворит на пресметката со македонскиот првак, иако допатува без Сичко, кој се повреди.

Ако некој добро знае каква е атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ тоа е Игор Карачиќ. Додека беше член на Вардар, имаше бројни гостувања.

„Очекувам пеколно навивање и многу тежок натпревар. Имам играно во Битола неколку пати и обично победував. Се надевам дека и овој пат ќе биде слично. Како тим, малку се мачиме во моментов, но се додека имаме седум играчи на теренот, ќе дадеме се од себе. Мораме добро да се концентрираме и да не размислуваме за атмосферата. Ги гледав нивните претходни натпревари и можам да кажам дека нашиот ривал добро се бори, игра цврсто во одбраната. Мора да играме добро и во одбраната и да постигнуваме лесни голови при контра напади. Ќе биде тешко без Сичко, но верувам дека ќе се снајдеме. Имаме уште многу добри играчи во тимот. Мораме да се бориме како лавови“, рече Карачиќ.

Ниту, Кјелце го нема стартот од соништата, во Битола ќе ја бара третата победа. Полскиот тим се наоѓа на шестото место во групата А со скор од две победи, реми и два порази. На другата страна добро е познато дека Пелистер има пет порази.

ПретходноПоранешниот македонски селектор ќе го води Пролет во Прилеп
СледноБинго: Ова е добар резултат, иако знам дека можеме многу повеќе