Њукасл размислува за милионска тужба против Милан

367

Тимот на Њукасл, се заканува со милионска тужба против тимот на Милан, поради претстојната казна на Сандро Тонали , тврди денешен „Кориере дело спорт “.

 Се очекува денеска и официјално италијанскиот интернационалец да биде казнет во врска со скандалот со обложување кое тој и го призна. Самиот Тонали веќе кажа дека незаконски се обложувал и на натпреварите на Бреша и на Милан за време на неговиот престој во секој од овие клубови. 

Тој и неговите адвокати веќе неколку дена преговараат за договор со локалното обвинителство, при што се очекува да одлежи 10 до 12 месеци забрана за играње фудбал.

Токму поради оваа причина, раководството на „Страчките“ со својот правен тим ја разгледува можноста да поднесат тужба против Милан, бидејќи според сопствените пресметки ќе бидат оштетени со сериозни суми. Тонали беше донесен на Сент Џејмс Парк летото за 70 милиони евра од Милан, но сега изгледите се дека тој не може да биде искористен повеќе од една година. Сепак, англискиот клуб ќе мора да ги докаже сомнежите дека Милан бил свесен за проблемот, што нема да биде лесна задача.

ПретходноПолувреме: Работнички – Шкендија 1:2, голеада во Штип, со водство и Силекс и Шкупи!
СледноКуп – 1/8 финале: „Лавовите“ го елиминираа Вардар, Работнички ја победи Шкендија, Брегалница се “истури“ од голови за 1/4 финале, таму е и Шкупи!