Тен Хаг: Ни требаат уште најмалку две победи за да ја поминеме групата

206

Тимот на Манчестер Јунајтед синоќа со многу мака стигна до првата победа во овогодинешната групна фаза од Лигата на Шампионите. На Олд Трафорд беше совладан тимот на Копенхаген откако Хери Мегваер погоди за 1:0, а Андре Онана е херојот кој во седмата минута од судиското продолжение одбрани пенал и три бода за домаќинот.

„Сè се постигнува на потешкиот начин. Мислам дека тоа е во ДНК-то на Јунајтед. Многу драматичен натпревар. На крајот бевме максимално нервозни, но го постигнавме посакуваниот резултат“, прокоментира Тен Хаг.

„Создадовме неколку шанси кои не ги искористивме. Добро е кога еден одбранбен играч ќе се вклучи во нападот и ќе постигне гол. Подавањето на Ериксен беше брилијантно. Можевме да постигнеме повеќе голови. Среќен сум што победивме и не примивме гол“, продолжи Холанѓанецот.

„Кога судијата досуди пенал за ФК Копенхаген, моравме да седиме и да чекаме Онана да одбрани. Тој го направи токму тоа на прекрасен начин. Знам колку е добар Андре , во Јунајтед само треба да го покажува тоа на секој натпревар. Доколку го има правилниот сетап и е фокусиран, тоа и ќе го прави“, објасни Тен Хаг.

ПретходноНеверојатно: Евертон ќе добие казна од -12 бода!
СледноПогледнете што прави напаѓачот на Манчестер Јунајтед пред пеналот во 97.минута! (ВИДЕО)