Повредата на Феликс не е сериозна, тој ќе игра на „Ел Класико“

128

Жоао Феликс ќе може да игра против Реал Мадрид и покрај повредата која ја заработи денеска на мечот со Шахтјор. Играчот од средниот ред на Барселона беше заменет во 75. минута од натпреварот, но по средбата новинарите јавија дека првите прегледи покажале дека фудбалерот избегнал сериозна повреда.

Португалецот се здобил со модринка, па затоа реши да го напушти теренот за да избегне посериозни проблеми. Најверојатно тој ќе му биде на располагање на Чави за големата „Ел Класико“ пресметка на 28 октомври.

Сезонава Феликс одигра 10 натпревари за Барса во сите натпреварувања и постигна 3 гола и 3 асистенции.

ПретходноМакаби ТА домашните средби во Евролигата ќе ги игра во Белград
СледноГати останува во Јувентус со 2028 година