Црногорскиот кошаркарски стратег Душко Ивановиќ е на чекор од преземање на шпанска Басконија, пишува „Марка“.
Евролигашот е подготвен да го замени Жоан Пењароха, по лошиот старт на сезоната. Басконија претрпе порази од Баерн, Жалгирис и Реал Мадрид во елитата, а и од Уникаха викендов во АЦБ лигата.
Според информациите, Ивановиќ по четвртипат треба да стане тренер на тимот со кој ја освои двојната круна во 2002 година. Сега во стручниот штаб треба да се најде и Мирза Телетовиќ, легендата на клубот, кој веќе ги „загреа“ навивачите на социјалните мрежи.