Пиоли: Секоја грешка што ја направивме беше казнета

60

Тимот на Милан синоќа неочекувано загуби високо и убедливо со 3:0, на гостувањето кај ПСЖ во Париз во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите. Тренерот на „Росонерите“, Стефано Пиоли, по дуелот не можеше да си објасни како тоа неговиот состав одиграно добро, барем според него, но загуби високо и убедливо.

„Мислам дека во првото полувреме го направивме она што сакавме да го направиме и добро. Моравме да покажеме поголема концентрација и организација и тоа ни отежна многу. Мислам дека 60 минути игравме подобро од ПСЖ. Не можам да им замерувам на моите играчи ништо, само што ПСЖ беше подобар на техничко ниво. Секако дека можеме подобро, но во моментов сме казнети за секоја мала грешка. Ова треба да ни биде мотивација да се претставиме подобро бидејќи конкуренцијата е голема, како во ЛШ но и во Италија. Имаме способност да играме подобро“, потенцира Пиоли.

ПретходноЕкс – селектор на Македонија ќе ја предводи Хрватска!
СледноЕве каде можат да се купат билети за мечот Италија-Македонија