Њукасл носи замена за Тонали од Манчестер Ј.

501

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектоминај би можел во јануари да се пресели во дресот на Њукасл, пишува „Атлетик“.

„Страчките“ го обновија интересот за 26-годишниот Шкотланѓанец по суспензијата на Сандро Тонали. Италијанецот доби 10 месеци забрана за фудбал поради обложување.

Мектоминај е младинец на Манчестер Јунајтед, кој оваа сезона не уживаше преголема доверба кај Ерик Тен Хаг. Неговиот договор со клубот е до летото 2025.

ПретходноЛилард растури на официјалното деби за Милвоки, Лејкерс победија во вториот меч (ВИДЕО)
СледноПроблеми за Партизан, се повреди капитенот Пантер