Вајлдер го предизвика Џошуа да ја прифати борбата во Лас Вегас следната година

110

Деонтеј Вајлдер го повика Ентони Џошуа, конечно, да се согласи да боксува со него откако пропадна многу очекуваната пресметка меѓу двајцата поранешни боксерски шампиони во тешка категорија.

Вајлдер го опомена Џошуа дека за Британецот ќе биде голема катастрофа ако не се согласи на боксерската пресметка која цела јавност ја очекува.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, тврдеше дека Американецот не бил заинтересиран за борбата, откако договорот со Саудиска Арабија пропадна. Сепак, поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија ги отфрли тие тврдења и го повика тимот на Џошуа да даде понуда за пресметка во Лас Вегас на почетокот на следната година.

ПретходноПроблеми за Партизан, се повреди капитенот Пантер
СледноСлободниот трансфер на Турам го чинеше Интер 8 милиони евра!