По синоќешната бламажа во меч од Лигата на Конференции, по поразот од Плезн дома со 0:1, фановите на Динамо Загреб се гневни. Цела спортска хрватска јавност е во шок како тоа игра Динамо во последно време.
Знаејќи дека тимот одигра лошо, по мечот свој коментар даде и нашиот интернационалец во дресот на “модрите“ Стефан Ристовски:
„Им се извинувам на навивачите на Динамо за лошите резултати во последно време. Мораме да се свестиме сите кој дрес го носиме на себе, тој дрес мора да се оправда.Мислам дека веќе немаме шанси за првото место во групата, но жалосно ќе биде ако не ја минеме групата“ рече покрај другото дефанзивецот на Динамо Загреб.