Покрај тоа што негова одбрана се најде во ТОП-5 одбрани на колото во ЛШ според ЕХФ, и тоа поради блескавиот настап на мечот со ГОГ, на кој Порто победи само благодарение на Македонецот, предмалку уште едно признание за Никола Митревски.
Имено тој е прогласен за најдобар голман на ова 6.коло во Лигата на Шампионите и поради се најде во идеалниот тим на колото според ЕХФ.
Покрај Македонецот, во најдобрата “седморка“ се и Сагосен (Колстад), Фабрегас (Веспрем), Муше (Магдебург), Елесен (Кил), Хоксер (Алборг), Карлсон (Монтпеље).
Нема што, Митрески е во одбрано друштво.