Шкотска мора во Скопје да даде брз гол – во првите 26 минути!

183
ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam/

Каков дуел во сабота ќе се игра во Скопје!? На домашната страна Македонија која на 6 натпревари нема постигнато гол или вкупно 607 минути а гостува Шкотска која 4 средби во низ не знае што е тоа погодок или вкупно 422 минути, Нашиот последен гол е лани со Велс на гости при дебаклот од 7:1 додека Шкотска ја тресеше мрежата на дуелот со Хаити на мундијалот па на дуелите со Мароко (1:0), Бразил (3:0), Словенија (0:0) и Швајцарија (0:3) не ја тресеа противничата мрежа. А Шкотска има нов селектор кој пред утрешното доаѓање во Македонија најави:

„Не треба да имаме притисок од статистиката и фактот дека долго време немаме дадено гол. Јас верувам во овие момци и по она што го видов на дуелите со Словенија и Швајцарија можам да кажам дека постојат позитивни моменти кои треба да ги докажеме и на дуелот со Македонија. Сепак ова е фудбал а минутите на недавање гол е само статистика. Битен е крајниот едфект“, истакна белгискиот стратег Себастиан Покоњоли кој од август е на клупата на Шкотска. Медиумите од оваа земја пресметаа.

Шкотска мора во Скопје да даде гол во првите 26 минути за да се избегне неславен рекорд од пред 55 години. Најдолгата серија на Шкотска во која не е постигнат гол датира од 1971 година и таа изнесува 447 минути.

За нас си знаеме – тоа е ова време, наше време на лоши рекорди.

Како беше она слоганот на ФФМ – „Ова е наше време…“!

ПретходноПрв меч без Меси, а неговиот наследник веќе блеска!
СледноДали е ова крај на кариерата: На Роналдо му се заканува суспензија од шест месеци?!