Сити парк бојс до КФМ: „Забранете се и останете сами, што ќе ви се полни сали!“

466

Навивачката група на Работнички „Сити парк бојс“ преку соопштение посочува дека Кошаркарската федерација на Македонија е најголемиот непријател на кошарката во Македонија затоа што, како што велат, наместо да се вратат навивачите на трибините и да се создаде добра атмосфера тие воведуваат нелогични ограничувања и забрани.

За мечот меѓу Вардар и Работнички во рамките на Првата лига кој ќе се одигра утре КФМ воведе ограничување на бројот на присутни навивачи на Работнички кој е гостин.

И повторно најголемиот непријател на кошарката во Македонија е кошаркарската федерација. Неофицијално е најавено пристуство на двете навивачки групи па така стручњаците за организирање натпревари од федерација заедно со полицијата донесоа заклучок дека натпреварот е од висок ризик со што не ограничија на само 40 карти.

Прашање до федерацијата дали салата воопшто ги исполнува минималните услови за одржување на еден прволигашки натпревар за кои ни беше оневозможено да играме во Градски Парк? Зошто после толку време кога салите повторно почнаа да се полнат се ставааат не логични ограничувања и забрани? Зошто наместо да биде празник за сите со добра атмосфера секој натпревар ја погребувате кошарката се повеќе и повеќе?!

Во знак на револт одлуката на групата е утрешниот натпревар да го “разубавиме” со нашето НЕ ПРИСУТСТВО. Нека остане во салата комесарот сам со неговиот претседател и заедно нека уживаат во спортот кој го убиваат.

ЗАБРАНЕТЕ СЕ И ОСТАНЕТЕ САМИ,

ШТО ЌЕ ВИ Е ВАС ПУБЛИКА И ПОЛНИ САЛИ!!!

 

 

ПретходноПред две години го купија за 22 милиони евра, сега го продаваат за 100 милиони!
СледноИ Пеп се потпиша во книгата жалоста по смртта на Сер Боби Чарлтон!