У19 ја совладаa и Ерменија со 6:0, по три гола постигнаа Села и Панеска

449

Македонската женска репрезентација до 19 години ја забележа и втората победа во квалификацискиот турнир од Лига Б за пласман во квалификациите Лига А за Елитната рунда на ЕП. На турнирот што се игра во Ерменија, фудбалерките славеа над домаќинот со 6:0.

По три погодици постигнаа Веса Села и Билјана Панеска.

На полувреме избраниците на Астрид Села водеа со 2:0, а во второто полувреме тотално го „столчија“ противникот. Да потсетиме во првото коло македонскиот тим го совлада Луксембург со 4:0.

Во следното коло, на 30 октомври Македонките ќе играат со Украина.

Голмани: Кристина Павловска (Шкендија), Натали Талевска (Топ Гол);

Одбрана: Еда Далипи (Ас Јунајтед), Слаѓана Ѓоргиева (Тиверија), Ива Јованоска (Љуботен), Росана Китановска (Љуботен), Катерина Петкова (Истатов);

Среден ред: Аријана Ајдари (Хомбург, Германија), Диана Алуши (Ас Јунајтед), Ива Јосифова (Тиверија), Симона Мајер (Макаби, Израел), Сара Мена (Ас Јунајтед), Ивана Милевска (Топ Гол), Рона Рустеми (Шкендија), Миа Велинова (Скопје);

Напад: Теодора Далческа (Ас Јунајтед), Билјана Панеска (Тиверија), Јована Павловска (Цевитана), Веса Села (Ас Јунајтед)

 

ПретходноИ Пеп се потпиша во книгата жалоста по смртта на Сер Боби Чарлтон!
СледноПроблем со сертификатите: ЦЕВ не ги регистрира странците во составот на Струмица!