Баерн Минхен игра со Дармштат во 9.коло на Бундес лигата. На голот на „Баварците“ се врати Мануел Ноер и тоа по пауза од 350 денови. Искусниот голман го запишува првиот настап после 12 ноември 2022 година кога бранеше во победата над Шалке.
Потоа се повреди на скијање и долго време се лекуваше. Свен Улрих го зазема неговото место додека тој отсуствуваше.
Manuel Neuer welcomed by the fans at Allianz Arena [🎥 @ransport]pic.twitter.com/J63QOxzGbp
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) October 28, 2023