“Страчките“ двапати водеа, Вулфси двапати израмнуваа! (ВИДЕО)

74

Вечерва во меч од 10.коло во Премиерлигата, Вулверхемптон и Њукасл одиграа интересен и возбудлов меч кој на крајот заврши без победник, со резултат 2:2. Интересно е тоа што “страчките“ двапати водеа, со головите на Вилсон во 22. и 45.+4 минута, но домашните двапати израмнуваа и тоа преку Лемина во 36.минута и Хванг во 71.минута.

Со овој бод Њукасл го задржа шестото место со 17 бодови, додека Вулверхемптон е на 12. место со 12 бодови. Сепак може да се смени нивната позиција по преостанатите средби од ова 10.коло кои се играат утре и во понеделник.

 

ПретходноГалевски царуваше против Охрид, Алкалоид остана единствениот тим без пораз (ФОТО)
СледноПелистер лесно го „реши“ Охрид, драмата во Гостивар за Феникс