Столе и Рајо со гол во 91. минута освоија бод против Сосиедад

110

Рајо Ваљекано одигра 2:2 против Реал Сосиедад во 11 коло на шпанската Ла Лига. Мумин го доведе Рајо во водство во 31 минута, а десет минути подоцна изедначи Ојарзабал. Во 66 минута Ојарзабал донесе предност за Сосиедад од пенал.
Во 91 минута Бебе го донесе бодот за Рајо. Македонскиот голман Столе Димитриевски го одигра целиот меч во првото полувреме имаше една прекрасна интервенција откако рефлексно спречи погодок на Пачеко. Рајо петти пат ремизира сезонава, а е на седмото место на табелата. Сосиедад е на петтото место.

ПретходноДаци му даде гол на лидерот, но неговиот тим загуби (видео)
СледноСити му одржа час по фудбал на Јунајтед (видео)