Турам за радост на Интер во дербито против Рома (ВИДЕО)

164

Фудбалерите на Интер славеа со 1:0 на дербито против Рома во Милано во 10. коло од италијанската Серија А. Стрелец на единствениот гол на стадионот „Џузепе Меаца“ беше Маркус Турам во 81. минута од натпреварот.

Гостите на оваа средба дојдоа значително ослабени без повредените Дибала и Смолинг, а го немаа и Мурињо на клупата кој е суспендиран. Европскиот вицешампион ја имаше иницијативата уште од самиот почеток на мечот, а по многуте шанси, на крајот реализираше само една во завршницата на дуелот.

Момците на Симоне Инзаги го задржаа водството на табелата со 25 бодови, додека Рома е осма со 14 бодови.

ПретходноАлонсо „скоцкал“ супер тим – нова победа за прво место и за клупски рекорд
СледноЧаир 2030 лесно на гостувањето кај ФМП Академија