У19: Украина подобра од нашите фудбалерки во последното коло

161

Младата фудбалска репрезентација на Македонија во женска конкуренција за играчи до 19 години го претрпе првиот пораз во квалификациите од групата „4“ во првата фаза на циклусот за Европското првенство во рамки на Лигата Б.

Денеска Македонија беше поразена од Украина со 2:1 која со оваа победа го потврди пласманот на првото место. Македонија со две победи и еден пораз заврши на второто место.

Македонија поведе со голот на Веса Села во 5. минута од мечот, меѓутоа до паузата Украина направи пресврт преку Радионова од пенал и Сербук.

Претходно“Магични моменти“: “Кралевите“ со специјално видео по повод 500-тиот настап на Модриќ за Реал! (ВИДЕО)
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Вардар)