Синоќа Лео Меси по осми пат ја доби „Златната топка“ за најдобар фудбалер. И по ова мислењата во фудбалскиот свет беа поделени, многумина сметаа дека Ерлинг Халанд го заслужи признанието.
Секако дека сите беа во очекување како ова ќе го искоментира Кристијано Роналдо, вечниот ривал на Лео Меси.
И неговиот коментар беше очаен, па и смешен.
Португалецот на статусот на Томас Рончера, инаку заменик уредник на „АС“ имаше свој коментар.
„Замина во Мајами, се спрема за пензија а тие на крајот му ја даваат `Златната топка`, навистина неверојатно“ беа зборовите на Рончера.
На ова Роналдо се јави со ироничен статус, оставајќи смајлија кои плачат од смеење.
Со ова Португалецот и дефинитивно покажа што мисли за тоа дека на Меси му доделена „Златната топка“.
Навистина му е смешно или пак е толку очаен?