Утре е 1 ноември 2023 година и утрешниот ден пет големи и звучни клубови во своите земји а и во Европа, ќе го дочекаат како “фенерџии“ во своите земји. Ништо чудно, но чудно е тоа што сите тие заедно имаат освоено 82 титули во своите земји, еден од нив бил и европски првак во четири наврати.
Тоа се Ајакс (Холандија), Лион (Франција), Базел (Швајрација), Вардар (Македонија) и Фола Еш (Луксембург). Сите тие заедно биле 82 пати шампиони во своите земји, тоа е неверојатно и сите тие првиот ден од ноември во новата сезона ќе го дочекаат како последни во елитните лиги во своите земји.
Да тргнеме од најголемиот, од Ајакс кој бил четири пати првак на Европа и дури 36 пати шампион на Холандија.Потоа Базел бил 20 пати шампион на Швајцарија, Вардар бил 11 пати првак на Македонија, Фола Еш во осум наврати бил шампион на Луксембург и Лион 7 пати бил првак на Франција.
Интересно е тоа што Ајакс во 2022 беше првак на Холандија, Фола Еш во 2021 ја освои титулата во Луксембург а Вардар својата последна титула ја освои во 2020 година.
А сега сите тие пет клубови се последни во своите земји.