Халанд чекаше 24 часа, а потоа објави сликата со пораката до Меси

9629

Лионел Меси ја освои осмата „Златна топка“ во конкуренција на Ерлинг Халанд кој со 52 гола го преводеше Сити до тројната круна и Килијан Мбапе. Аргентинецот остана голем, тој им се поклони на младите конкуренти.

„Ерлинг и Килијан се двајца натпреварувачки ѕверови. Двајцата ја заслужуваат Златната топк“, рече Меси, а потоа посебно му се обрати на Халанд:

„Како што кажав тој ја заслужи Златната топја. Ерлинг ја освои Премиер-лигата и Лига на шампиони, беше најдобар стрелец. Оваа награда вечерва можеше да биде твоја. Сигурен сум дека ќе ја освоиш во следните години“, рече Меси.

Но, според многумина токму Халанд требаше да биде освојувач на ова признание. Иако и тој е свесен за тоа сепак господски го поднесе поразот, 24 часа по церемонијата сподели фотографија од Меси со Златната топка и му честиташе на шпански јазик.

ПретходноСензација во Париз: Алкараз елиминиран на стартот (ВИДЕО)
СледноХадис Таири – Струга ТЛ: Нема да биде лесно со Вардар!