Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс се номинирани за најкорисни играчи за изминатиот месец во шампионатите каде што настапуваат.
Македонскиот плејмејкер, кој е дел од Уникас Казан, одлично ја стартуваше новата сезона во која неговиот тим е бранител на титулата. Нено блеска во дресот на Уникс Казан, а по завршување на изминатиот месец, ВТБ-лигата го номинираше за МВП на месецот, гласањето е во тек.
View this post on Instagram
Во Франција, пак Шортс исто така продолжува онаму каде што застана минатата сезона. Сега како играч на Париз, го води својот тим до победи, а токму затоа се најде меѓу четворицата играчи кои номинирани за МВП на месецот.