Војдан Стојановски „доби“ шест конци, ќе паузира извесен период

348

Бекот на МЗТ Скопје, Војдан Стојановски ќе паузира неколку денови поради повреда. Тој  на мечот со Еуро Никел заработи исеченица на устата во дуел со противнички кошаркар која му беше санирана со шест конци. Тој ќе тренира, но со намалено темпо без контакт додека не му бидат извадени конците.

Тоа значи дека ќе паузира извесен период, ќе го прескокне гостувањето кај ГКК Охрид во петок, а од клубот соопштија дека тој ќе биде подготвен за вториот турнир од АБА2, закажан на Златибор (Србија) во периодот од 13 до 19 ноември.

ПретходноСкопје е домаќин на третиот турнир од проектот „Заедно до 16“
СледноНарачал хамбургер и помфрит, тренерот го исфрли од првиот тим