Лесно во следното коло: Новак го “збриша“ Ечевери на мастерсот во Париз!

252

Очекувано, лесно, само се загреваше за тоа што следува. Ова накусо може да се каже за денешниот настап на најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ во 1/16 финалето на мастерсот во Париз против Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.

Победа од 2:0 во сетови, а во гемови беше 6:3 и 6:2.

Во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата на Новак, во текот на целиот меч имаше иницијатива, знаеше што треба да прави кога тоа беше потребно.

Едноставно добар тренинг меч, кој траеше 1 час и 25 минути, за тоа што го очекува во следните кола на овој силен турнир.

ПретходноТричко стрелец за АЕК Ларнака во Купот на Кипар!
СледноУште еден грабеж на стадионот на Чаир: По телевизорот сега е украдена и опремата од фитнес центарот!