Бразилскиот фудбал го потресе убиство на млад фудбалер. Станува збор за 21-годишниот Фелипе Диого, кој бил убиен на улица во градот Рибеирао Прето.
Диого играше за тимот од Серија Ц Сао Бернардо, а беше убиен на враќање дома. Убиството се случило на улица, каде очигледно го чекале убијците.
Бразилските медиуми наведуваат дека убиството го извршиле „мистериозни вооружени напаѓачи“ кои биле неколкумина и кои го чекале Диого да се врати во родниот град Рибеирао Прето, недалеку од неговиот дом.
Младиот фудбалер бил погоден со 10 куршуми. Тој бил пренесен во болница, но таму била констатирана смрт. Се уште не е познат мотивот за убиството.