Синер се откажа од турнирот во Париз – незадоволен е од организаторот

442

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се откажа од турнирот во Париз, а причината е неправдата што му ја нанесе организаторот на Мастерсот во престолнината на Франција. Синер својот меч на Мастерсот го започна после полноќ против Американецот Мекензи Мек Доналд, а тој заврши во 2:37 часот изутрина. Прво на никој не му е јасно зошто било дозволено да се игра после полноќ.
Синер го доби тој меч, а потоа во дневен термин требаше да игра со Алекс Де Минауро. Само 14 часа по мечот со Мек Доналд, италијанскиот тенисер требаше да игра со Австралиецот.
Тој одлучи да се повлече и го предаде мечот. Па така Де Минауро отиде во наредната рунда каде што ќе игра со Рубљов.
Синер ќе се посвети на завршниот турнир во Торино.
Неколку тенисери застанаа во одбрана на Синер. Истото се случи и на првиот ден кога Стен Вавринка и Доминик Тием го почнаа мечот пред полноќ и го завршија во 2:23 часот следниот ден.
Тием следниот меч го играше со еден ден одмор, за разлика од Синер кој немаше таков „луксуз“.
Инаку во следната рунда се пласираа Димитров, Качанов, Циципас кој го исфрли Зверев со 2:0 во сетови. Вечерва ќе игра и Новак Ѓоковиќ против Грикспур од Холандија.

ПретходноПеро Антиќ отиде во Белград да го поддржи Вучиќ
СледноКарагер: Никој не може да објасни што играчите на Јунајтед се обидуваат да играат