Европското првенство во ватерполо, кое требаше да се одржи во Израел во јануари 2024 година e откажано поради војната во таа земја.
Ова го соопшти Европската пливачка федерација, но не објави нов датум. Следната година ќе се одржи Светското првенство во ватерполо, како и олимпискиот турнир.
Во соопштението се посочува дека е договорено дека не е можно да се одржи Европското првенство во Нетања, како што првично беше планирано.
„Како последица на неодамнешните терористички напади врз Израел и по опсежните состаноци меѓу ЛЕН и Израелската ватерполо федерација, двете институции се согласија дека нема да биде можно да биде домаќин на Европското првенство во Нетања“, соопшти ЛЕН.
ЛЕН додаде дека во моментов истражуваат различни опции во врска со соодветната квалификациска процедура за следното Светско првенство во водени спортови во Доха, кое ќе се одржи најрано во февруари 2024 година.