Ивановиќ го победи Партизан како кормилар на Басконија

181

Во меч со драматичен крај, кошаркарите на Партизан загубија од Басконија во салата „Фернандо Буеса“ со 84:83 во дуелот од 6. коло на Евролигата. Душко Ивановиќ кој дојде на кормилото на Басконија по заминувањето од Ц. Звезда извојува голема победа, во меч во кој белграѓани имаа големи шанси за триумф. Басконија ја прекина серијата од пет порази во сите натпреварувања.

Чима Монеке постигна 16 поени и имаше шест скока, од кои еден беше клучен во последната секунда. Маркус Хауард и Тадас Седекерскис имаа по 14 поени. Кај Партизан се истакна Џејмс Нанели со 16 поени.

Во преостанатите два натпревари од вечерашната програма, Барселона на домашен терен го победи Панатинаикос со 80:72, додека Виртус во Болоња го победи Анадолу Ефес со 93:81.

ПретходноЃоковиќ му се реваншираше на Руне за полуфинале во Париз
СледноКиднаперите најавиле дека ќе го ослободат таткото на Луис Диаз