ВМФЛ: Беса го победи Пелистер среде Битола и покажа кој е кој, елитата е се поблиску …

1755

Се одиграа сите осум средби од 11.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно беше во Битола, каде во супер – дербито Беса успеа да го победи Пелистер со 1:2. Голема победа и големи три бода, сега тимот од Добри Дол има +6 пред вториот Детонит, а Пелистер падна на третото место.

Тензично беше во Битола, а гостинскиот тренер Таневски доби црвен картон.

Тетекс беше поразен кај Арсими, Детонит со 3:0 го победи Новаци и сега е втор на табелата. Охрид одигра само 1:1 кај Саса и загуби два златни бода во битката за највисок пласман.

Скопје со 3:1 го доби Башкими, а Кожув и Беласица одиграа без победник 1:1. Караорман со 2:0 славеше со Осогово, додека Вардар Неготино со 3:2 ја совлада Победа.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 11.КОЛО

Арсими – Тетекс 2:1

Детонит – Новаци 3:0

Скопје – Башкими 3:1

Саса – Охрид 1:1

Караорман – Осогово 2:0

Кожув – Беласица 1:1

Пелистер – Беса 1:2

Вардар (Н) – Победа 3:2

ТАБЕЛА

Беса 28, Детонит 22, Пелистер 21, Охрид 20…

ПретходноПМФЛ: Работнички го “реши“ Силекс, голеада во Штип, Тиквеш иако оштетен сепак Ивановски донесе бод, Брера пак не победи! (ВИДЕО)
СледноБруно со гол во 91. минута му донесе победа на Јунајтед на „Крејвен котиџ“