Љупче Дориев покажа уште еднаш дека е во одлична форма во шампионатот на Узбекистан. Македонскиот репрезентатвец попладнево за својата Согдиана постигна гол во 67.минута против Буксоро за победа од 1:0.
Ова е трет гол за нашиот репрезентативец во дресот на Согдиана сезонава, важи за еден од клучните играчи на тимот.
Не само што постигнува голови туку и асистира, креира акции и слично.