Хет-трик на Кејн, Баерн слави во Дортмунд (ВИДЕО)

209

Шампионот Баерн со убедливи 4:0 ја совлада Борусија (Д) во дербито на десеттото коло од германскиот шампионат и ја покажа сета своја моќ, особено во нападот, каде доминираше Хари Кејн кој мечот го заврши со хет-трик.

Веќе во четвртата минута од натпреварот Сане изведе корнер на величенствен начин, а Упамекано беше на вистинското место за 0:1.

Не требаше многу, па веќе во деветтата минута Хари Кејн зголеми на 0:2. Во 72. минута по одлична комбинација Хари Кејн повторно излезе 1 на 1 со домашниот голман и погоди за 0:3, за конечните 0:4 со својот трет гол, Англичанецот да ги постави во самаа завршница на мечот.

ПретходноЃоковиќ со пресврт до ново финале во Париз и битка за 40-тата Мастерс титула!
СледноЛазаров: Честитки до момците! Секогаш е убаво да се победи, знам колку е важно и за македонската јавност!