Албан Мифтари (25 години), чуварот на мрежата од минатата сезона во Скопје, не е повеќе член на “пиратите“. Тој сега е со слободни документи и може без проблем да потпише за некој друг клуб, а веќе има и понуди за продолжување на кариерата.
Инаку Мифтари во минатата сезона како голман беше еден од најзаслужните што “пиратите“ завршија на првото место во ВМФЛ – ЗАПАД со што изборија пласман во елитата.
Инаку Мифтари досега бил член на Скопје, Вардар Форино и Шкупи.