Екипата на Рома имаше многу проблеми со Лече во мечот од 11 коло но на крајот ги освои трите бода. Стигна до победата благодарение на двата гола во судиското продолжение на натпреварот. Инаку уште во петтата минута Лукаку промаши пенал.
Лече поведе во 72 минута со голот на Алмквист. Се чинеше дека ќе има изненадување на „Олимпико“, но нововлезениот Сердар Азмун изедначи во 91 минута, а три минути подоцна Лукаку ги постави конечните 2:1.
Лече седум меча, вклучувајќи го и Купот, нема победа. Рома им се врати на победите по поразот од Интер минатото коло.
AS Roma comeback in three minutes. First Serdar Azmoun, now Romelu Lukakupic.twitter.com/kMvLt30yMY
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 5, 2023