Столе за „СпортСпорт“: Горд сум што имам 6 „чисти мрежи“ на 12 натпревари

714

Името на Столе Димитриевски веќе 24 часа е топ-тема во Шпанија. Начинот на кој нашиот репрезентативен голман го одигра вчерашниот меч од Ла Лига на гости против Реал (М) не дозволувајќи му да постигне гол пред своја публика, не само што му год онесе признанието „Играч на мечот“, туку и низа пофалби за тоа како брани од почетокот на сезоната.

Во изјава за „СпортСпорт“, Столе вели дека се чувствува горд што на половина од натпреварите во Ла Лига оваа сезона противниците не можат да му дадат гол.

„Реал Мадрид е еден од најдобрите клубови во светот, можеби и најдобар. Секако да освоиш бод на Бернабеу не е мала работа, а особено кога ќе останеш со чиста мрежа. Реално, ова е голем резултат, за нас, за нашата самодоверба. Од почетокот на сезоната по овие 12 средби имам 6 чисти мрежи што за мене е голем успех. Навистина тоа ми дава самодоверба да одам уште подобро на следните средби“, изјави за „СпортСпорт“, нашиот репрезентативен чувар на мрежата.

ПретходноСи-Џеј МекКолум повторно се соочува со белодробен колапс
СледноНасри го советува Мбапе да не си оди од ПСЖ: Подобро е да си прв во своето село…