По се изгледа дека и на капитенот му е доста од очајот во кој се наоѓа неговиот Манчестер Јунајтед, посебно по критиките дека треба да му се одземе капиенската лента. Па така Бруно Фернандеш, барем според шпекулациите од Островот, тој одлучил да го напушти “Олд Трафорд“ и да се пресели во С. Арабија.
Неговите менаџери наводно веќе ги започнале преговите со Инвестицискиот фонд на С. Арабија, кој е газда на четирите најголеми клубови во таа земја и тоа Ал Ахли, Ал Наср, Ал Итихад и Ал Хилал па се очекува тој во блиска иднина да го носи дресот на еден од овие клубови.