Дијас нема да биде казнет поради пораката до киднаперите

344

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) нема да го казни Луис Дијас затоа што под дресот носеше маичка преку која на киднаперите им порача да го ослободат неговиот татко во Колумбија.

Во неделата Ливерпул ремизираше 1:1 со Лутон во Премиер лигата, а Дијас го постигна израмнувачкиот гол во петтата минута од судиското надополнување.

Дијас носеше маица на која пишуваше „Ослободете го мојот татко“ која ја покажал по голот.

Според правилникот на Здружението, фудбалерите не смеат да ги креваат дресовите за прикажување лични пораки. Сепак, со оглед на исклучителните околности и фактот дека 26-годишниот играч не го соблече целосно дресот, нема да биде поднесено обвинение, објави денеска Дејли Мејл.

Родителите на Луис Дијас беа киднапирани на крајот на октомври од вооружени лица на бензинска пумпа на северот на Колумбија. Тие се членови на бунтовничката група Ослободителна национална армија, позната како ЕЛН.

Неговата мајка беше спасена неколку часа подоцна од полицијата, а додека и натаму трае потрагата по таткото на играчот на Ливерпул.

ПретходноЈуве, Ливерпул, Тотенхем… Кој ќе го добие Филипс во јануари?
СледноСтрумичани уриваат рекорди: Брера нема победа цели 79 дена!