Перез има резервна опција за Мбапе, навивачите на Реал се воодушевени!

2176

Пред нешто повеќе од една година Килијан Мбапе беше на прагот да се пресели во Реал Мадрид, но потоа ги изненади сите со тоа што реши да остане во ПСЖ со кого го продолжи договорот до летото 2024 година.

Летово тој беше поврзуван и со кралскиот клуб кој повторно беше подготвен да плати преку 150 милиони за Мбапе, но на крајот ПСЖ ги одби сите понуди кои дојдоа на нивна адреса за францускиот напаѓач.

Јасно е дека за Мбапе главна цел повторно ќе биде Реал, но следното лето. Неодамна се појавија информации дека Ливерпул сериозно е во игра за неговиот потпис.

Поради сите овие настани кои се случуваат речиси две години во Реал Мадрид, полека го губат трпението, а Флорентино Перез им порача на Мбапе и на неговите агенти дека нема да го чека долго.

Угледната Марка пишува дека Перез и неговите колеги веќе смислиле резервен план доколку Мбапе не дојде во Реал Мадрид, а на листата на желби имаат уште една ѕвезда која би сакале да ја видат во дресот на овој клуб.

Станува збор за Џамал Мусиала кој настапува за Баерн. Првиот човек на Реал е воодушевен од неговите игри. Приоритет на Реал и понатаму е Мбапе, но доколку преговорите повторно пропаднат, ќе одат со сите сили за германскиот репрезентативец.

Мусиала има договор со Баерн до летото 2026 година, а доколку Реал сериозно тргне по него ќе треба да плати над 110 милиони евра колку што е моменталната цена на овој млад играч за врска.

ПретходноМини-шоу на Јокиќ, новинарите останаа без прашања (ВИДЕО)
СледноКејн и сопругата за три месеци живот во луксузен хотел дале еден милион фунти