Македонската фудбалска репрезентација доби уште еден спонзор на претстојното Европско првенство во фудбал, кое ќе го играме во Букурешт и Амстердам. Претходно ФФМ и Пивара Скопје потпишаа договор за партнерство, а сега уште еден бренд ќе биде партнер на националниот тим. Се работи за Комерцијална Банка АД Скопје.
Утре, во Хотел Хилтон во Скопје со почеток од 12:00 часот ќе биде официјализиран договорот за соработка кој ќе биде со важност на три години. На истиот ќе се обратат Муамед Сејдини, претседател на ФФМ и Илија Илоски, главен оперативен директор и член на УО на Комерцијална банка АД Скопје.