Поп Ацев примен во “Куќата на славните за маратонското пливање“!

75

Убава вест за нашиот Евгениј Поп Ацев кој ја сподели на своите социјални мрежи. Имено тој е примен во “Куќата на славните за маратонското пливање“.

Најголема чест и привилегија е да се биде во ,,Куќата на славните за маратонското пливање”(IMSHOF) во друштво на најголемите имиња во историјата на светското пливање. Посебно сум среќен и горд што правејќи го тоа што најмногу го сакам и пливајќи за Македонија имам придонесено и оставено белег во светот на маратонско пливање.

Многу сум благодарен на IMSHOF за номинацијата , изборот и за ова големо признание од ваква голема светска организација. Исто така и на сите што беа дел од мојата пливачка кариера и подржуваа во изминативе 20 години“ напиша Поп Ацев.

ПретходноПолувреме: Младеновски “тресе“, Шкупи со водство!
СледноНа “Олимпико“ ќе “крца“: За мечот Италија – Македонија веќе се продадени 30.000 билети!