Медисон не доаѓа во Скопје: Ѕвездата на Тотенхем го откажа повикот во репрезентацијата

296

Ѕвездата на Тотенхем, Џејмс Медисон се повлече од репрезентацијата на Англија за квалификациските дуели против Малта и Македонија. Како што објавија од неговиот клуб, Медисон има повреда на скочниот зглоб.

Од Тотенхем најавија дека фудбалерот ќе остане во клубот за да се рехабилитира од ударот добиен за време на нивниот пораз со 4-1 од Челзи во понеделникот вечерта.

„Можеме да потврдиме дека Џејмс Медисон е повлечен од репрезентацијата на Англија поради повреда на зглобот. Фудбалерот од средниот ред нема да настапи во квалификациите за УЕФА ЕУРО 2024 за „Трите лава“ против Малта и Македонија и ќе остане во клубот на рехабилитација со медицинскиот персонал“, објавија Спарс.

ПретходноПрв сезонски пораз за Ѓорѓиев, Маџунков и Лувен „газат“ и во првенството
СледноАл Хилал ќе го раскине договорот со Нејмар за да си донесе нов странец